Раст во земјоделството од околу 7% во првиот квартал

Вести

Очекуван раст во земјоделството од околу 7% во првиот квартал. Во преработувачката индустрија се очекува раст од околу 6% и над 10% во услужните дејности. Ова се дел од податоците кои вчера ги презентираа потпретседателот на Владата, Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство Љупчо Николовски и министрите за транспорт и врски и за финансии, Драган Тевдовски и Горан Сугаревски.

-Анализите на економскиот тим на Владата на РМ за првиот квартал на 2018 година, уште еднаш потврдуваат дека развојот на земјоделството е еден од врвните приоритети на оваа Влада.
Овие резултати во земјоделскиот сектор, се должат на повисока откупна цена на земјоделските производи, зголемен извоз на земјоделско-прехранбени производи, создавање на поволни економски услови за извоз, контрола на увозот на стоки и други фактори, истакна министерот Николовски.

Тој додаде и дека големо влијание имаат и мерките што се преземаат во делот на субвенциите како што е навремена исплата, зголемените субвенции за земјоделците со развоен потенцијал, мерки за поддршка на млади земјоделци и другите политики на кои се силно фокусирани.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *