Расте цената на багремовиот мед

Вести Пчеларство

Променливото време со многу дождови, многу лошо влијае на првата ударна паша. Нектарот пчелите го собираат измеѓу врнежите, а ладниот бран го прекинува цветањето на багремот, се очекува дека приносот на мед од овие пчелни паши, ќе биде исклучително намален, така што ќе се зголемат цените во продажбата.

Ударната паша на пчелите на багремот е една од најлошите во изминатите неколку години, според пчеларите, кои посочуваат дека овој мед ќе биде околу пет килограми во сандук. Маслената репа која му претходело на багремот, дала двојно поголем принос, но далеку под очекувањата.

Лошото време, исто така, предизвика лошо медење од маслена репа, на првата пчелна паша, која повеќето пчелари ја користат за развој на пчелните семејства за главна паша – од багрем.

Сончогледовата паша може да ја поправи лошата состојба.

Првата сериозна паша е од сончогледот, која е и последна паша. Може да се очекуваат и некои паши на ливади или шуми, но сето тоа е минимално и служи само за одржување на пчелните семејства.

Освен недостатокот на нектар, голем проблем е и користењето на пестициди. Отежнати се условите за добивање на мед. Загубата на мед ќе биде очигледна, а исто така и растот на цената на медот.


Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *