Реализација на проекти како дел од ИПА Програмата во МЗШВ

Вести

На денешната средба на министерот Љупчо Николовски, со координаторите на сите проекти поврзани со МЗШВ, а кои се реализираат со поддршка од ИПА Програмата, се разговараше за статусот на веќе програмираните проекти кои треба да се реализираат оваа година, како и за предлог проектите кои сакаме да бидат дел од ИПА Програмата 2019 година.

На состанокот присуствуваше и раководителот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини, заедно со неговите соработници, кои се интересираа за сите процеси, активности и предлози, со што ја потенцираа безрезервната поддршка и отвореност на Европската унија за заедничко делување кон конечната цел – модернизирање на македонското земјоделство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *