Искористувањето на ИПАРД Програмите e еден од главните приоритети на Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Платежната агенција, како најдобар модел за приближување на македонското до европското земјоделство.
На денешната регионална „Работилница за имплементација на ИПАРД Програмите“, која се одржа во Охрид, а во организација на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на Европската унија #DGAgri и Постојаната работна група за регионален рурален развој – #SWG, беа презентирани искуствата во искористувањето на европските фондови на земјите од регионот.
Владата ги направи сите потребни анализи, детектирани се слабостите и веќе се адресираат за решавање, со цел да не се повторат истите грешки и поефикасно да се искористат мерките од ИПАРД II.
Николовски имаше и работна средба со претставници на Генералниот директоријат за земјоделство и рурален развој на ЕУ, на која што разговараа за статусот и динамиката на примените апликации на последниот повик за ИПАРД.
Тој најави зајакнување на капацитетите на Платежната агенција и две нови во ИПАРД програмата – Советодавни услуги и ЛИДЕР пристапот.