Резидба на орев

Вести Совети

Иако некои мислат дека не е потребно да се врши резидба на орев сепак таа операција секако е многу потребна. Во првата година по кратење на садниците ке се појават папки на врвовите од кои се развиваат изданоци со листови, кои потоа стануваат примарни гранки во идната крошна.

Кога станува збор за пониски садници во првите години на одгледување потребно е да се формира стебло.

Ако на кореновиот врат или на стеблото се појават несакани папки, листовите треба да се остават поради собирање на хранливи материи. Но може да се свиткаат кон површината на земјата како би се намалила бујноста а хранливите материи да се насочат кон папките. Тие ќе се одстранат на пролет или на есен.

Во втората и третата година резидбата на оревот се насочува кон формирање на стеблото и крошната. Тука секако мора да имате на ум дека во првата и втората година ке дојде до незначителен пораст на надземниот дел на овошката заради прилагодување и раст на кореновиот систем.

По доброто вкоренување започнува интензивниот раст на надземниот дел на овошката. Поради тоа многу е важно во кој период овоштарникот треба да биде чист без плевели, да биде заштитен од напади на болести, штетници и глодари.

Следните години потребно е да се продолжи со избор на примарни гранки со одстранување. На примарните гранки следните години потребно е да се остават секундарни гранки и околу нив кај оревите не треба да водите некоја посебна грижа.

Вишокот на млади и непожелни гранки кои се развиваат на стеблото потребно е ВЕДНАШ во тек на вегетативниот период додека се зелјасти да се одстранат. И тоа треба да се изврши најкасно до крајот на месец ЈУНИ.

Автор: Иван Стојанов за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *