Продолжува акциjata за спречување на нелегален риболов на Охридското Езеро.
„Уште една успешна активност на Државниот инспекторат за земјоделство. Завчера е спречен нелегален риболов во Охридско Езеро. Притоа, се одземени 350 метри мрежа и дваесетина парчиња белвица, додека запленетите парчиња пастрмка веднаш беа вратени во водите на езерото., напиша на својот фејсбук-профил Зоран Шапуриќ, министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.