Шароле ( Sharolais ) говеда

Вести Совети Сточарство

Шароле е најзначајната товна раса на говеда во Франција. Името го добила по провинцијата Charollaise. Се верува дека шароле е стара раса која потекнува од крупните говеда кои се користеле за работа, која од Италија се распространила во Франција за време на Римската империја. Расата е формирана кон крајот на 18 век, со вкрстување на големите примитивни шароле крави со биковите Shorthorn.

Во однос на застапеноста, таа е на четврто место и изнесува околу 11% од вкупната број на добиток во Франција. Оваа раса се одгледува на голема површина на централна Франција, климата е полу-континентална, а земјата на овие региони е плодна, па пасиштата се богати со трева. Говедата се одгледуваат во рамнините и ридските терени, каде што обработливото земјиште е на надморска височина од 1000 м.

Екстериер и телесни димензии

Бојата на влакното е еднобојна, бела или крем, а бојата на кожата е светло-кафеава, што обезбедува одредена заштита од сончевите зраци. Шароле е раса со голем обем на телото.

Главата им е мала, роговите издолжени, вратот е краток, гребенот е малку изразен,  нозете се пропорционални, мускулите на нозете се спуштаат до скочниот зглоб. Поради изразената мускулатура на задниот дел од телото, постои двојност (двоен задникот). Висината на кравите се движи од 138-140 см, а на биковите од 143-150 см. Тежината на кравата е 800-900 кг, а на биковите 1100-1300 кг. Телињата се раѓаат со тежина од 40-45 кг.

Производни карактеристики

Шароле расата постигнува многу добри товни резултати. При интензивен тов, дневниот прираст е е 1300-1500 g. Се користи за товење до постара возраст, а притоа квалитетот на трупот не се влошува. Рандманоте 63%. Негативната карактеристика на шароле е големиот процент на коски во трупот. Месото е со зголемена мекост во споредба со другите раси, а мраморирањето е оптимално. Млечноста е 2500-4000 кг. млеко. Плодноста им е многу висока и изнесува од 90-95%. Многу често се случува телењето да е тешко.

Оваа раса на говеда е многу прилагодлива ( адаптибилна ), но главно е наменета за рамничарски терени. Одлично говедо за паша. Поради изразената способност за гоење и квалитетот на месото, биковите се користат за индустриско вкрстување со млечни крави и комбинирани раси ( главно симменталски ), поради зголемување на меснатоста.

“Современо Земјоделство” 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *