Вчера во Кочани, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со градоначалникот Николчо Илијев, беа на терен за да се информираат за работите околу браната Речани на Оризарска река.
-Направивме нова проценка со Бирото за судски вештачења и експропријацијата за телото на браната е во тек. Ова е крупен инвестициски проект за развој на целиот регион, истакна Николовски.
Во Кочани се гради пристапниот пат над 4.5 км а инвеститор е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.