Се излеаја реките Боишка и Церска

Вести

Во Демир Хисар по обилните врнежи од дожд забележано е излевање на реките Боишка и Церска при што е предизвикано  оштетување на неколку места на патниот правец Р 29371 помеѓу селата Вирово и Боиште. Се работи за земјен пат кој по оштетувањата е непрооден за моторни возила.

Во текот на вчерашниот ден, со градежна машина на ЈКП „Комуналец се извршуваа работи на оштетениот насип на река Обедничица во нас.Мургашево.

На патниот правец с.Смилево – крак за манастир Св.Петар има одрони од земја и истиот е непрооден, а во текот на денот ќе се изврши расчистување на одроните, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Со престанувањето на врнежите се бележи постепено намалување на водостоите на хидролошките станици од погорните сливни подрачја, меѓутоа водостоите се сеуште високи кај сите реки во земјава, особено кај реките-Вардар, Треска, Црна и Пчиња. Сеуште се забележуваат локални излевања и појава на заезерени површини.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *