Се очекува денеска да почне испораката на масло за јадење од Србија

Вести

Денеска би требало да почне организацијата за товарење и испорака на српско масло за  јадење  во земјава, информираат за МИА од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Србија во петокот ја донесе одлуката за извоз на масло за јадење во Македонија. Како што соопшти тогаш министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се работи за два милиони литри масло за  јадење

Според него, овие количини се за потребите од еден месец, но доколку се процени дека има потреба, можно е да се реализира дополнителен увоз.

-Можно е доколку има потреба да се донесе одлука за увоз на дополнителни количини. Состојбите се следат, а комуникацијата со српските власти е континуирана, рече министерот. /MИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *