СЕ ОЧЕКУВА КРАТКОТРАЈНО СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО – НОВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО И ВЛАЖЕН БРАН ОД УТРЕ КОН КРАЈОТ НА ДЕНОТ И ВО ТЕКОТ НА НОЌТА

Вести

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Потоа нов влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд, снег на планините и на некои повисоки места како и засилен ветер, најпрвин од југозападен и западен, а потоа од северен правец се очекува утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон среда, како и во среда. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.

Од четврток пак утринските температури значително ќе опаднат и тоа под влијание на постудена воздушна маса од север и истите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, а времето ќе се стабилизира.

НАПОМЕНА: Во среда поради продор на постудената воздушна маса  услови за послаби врнежи од снег ќе има и на некои пониски места.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *