Денеска на Факултетот за земјоделски науки и храна се одржа првиот конститутивен состанок на Советот за земјоделство и рурален развој.
Во овој совет членуваат претставници од високообразовните и научните институции, земјоделски здруженија, стопански комори, локални самоуправи и сите други чинители во секторот земјоделство.
Работата на овој Совет е важна за следење на состојбите во земјоделството и руралниот развој, и за креирање на ефикасни политики за развој на секторот.
„Современо Земјоделство“