Се воведува субвенцијата за дополнителна мерка за заклано јагне во регистриран кланичен капацитет

Вести Сточарство

Министерот Николовски, на денешната прес конференција, потенцираше дека се воведуваат мерки со кои се спречува злоупотреба на субвенциите, нешто што беше воочено како слаба точка, целта е субвенциите да завршуваат кај вистинските земјоделци.

Во тој контекст, од оваа година како редовна мерка се воведува субвенцијата за дополнителна мерка за заклано јагне во регистриран кланичен капацитет во период од 1 јануари 2022 до 31 мај 2022, во износ од 400 денари по јагне.  Со воведувањето на оваа мерка ќе зголемат контролите во овчарството преку дополнителни проверки на бројот на заклани јагниња во однос на бројот на пријавени грла овци.

Со цел да се избегнат манипулации од страна трговците и „ловците на субвенции“, кај дополнителната мерка за заклани грла говеда се воведува задолжителен период на чување на животните на одгледувалиштето од 3 месеци пред истите да се предадат во регистриран кланичен капацитет.

Дополнително, се зајакнува контролата од страна на Агенцијата за ветеринарство и храна, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Државниот земјоделски инспекторат, на ветеринарните друштва, со цел спречување на злоупотреби при пребројување на грло добиток и исплата на субвенции овчарството и пчеларство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *