Со новата Програма, се зголемуваат субвенциите за грло говеда од 2.800 на 3.100 денари по грло.
Исто така, за стимулирање на сточарското производство за прв пат се воведува дополнителна субвенција по квалитет на млеко. Ако досега производителите на кравјо млеко кои произведуваа млеко со екстра класа добиваа поддршка од 3,5 денари по литар, од сега ќе добиваат 4,5 денари по литар.
Поддршката за овчо и козјо млеко се зголемува од 4,5 денари по литар на 5,5 денари по литар млеко.
За поддршка на сточарите, Николовски најави дека ќе бидат објавени јавни повици за доделување на земјиште за сточарите.