Семинар за ветеринарно-здравствените проблематики во говедарството

Вести Сточарство

Предавањата ќе ги спроведат Израелските консултанти д-р Езра Шошани (Експерт за заштита од маститис кај молзни крави) и д-р Шимон Офир (Експерт за исхрана на молзни крави)од Хебрејскиот универзитет во Тел Авив.

Семинар од областа на ветеринарно-здравствените проблематики во говедарството ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Ветеринарната комора на РМ, како дел од заедничката соработката со Здружението за рурален развој Локална акциска група Агро Лидер со поддршка на Проектот за развој на деловниот екосистем, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и Интернационалната агенција за мегународна соработка на Израел (МАШАВ).

Во рамки на семинарот ќе се одржат предавања во делот на репродукцијата, правилна исхрана на молзните крави и методи за превенција од маститис, со цел да обезбеди советодавна поддршка и можности за докторите по ветеринарна медицина да ги зголемат своите знаења за нови методи и добри практики во фармерското прозиводство.

Предавањата ќе ги спроведат Израелските консултанти д-р Езра Шошани (Експерт за заштита од маститис кај молзни крави) и д-р Шимон Офир (Експерт за исхрана на молзни крави)од Хебрејскиот универзитет во Тел Авив.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *