Шест хектари под пластеници за органски зеленчук во Русија

Вести Градинарство Совети

Во последниве години, Русија инвестираше огромни суми пари во развој на земјоделството. Со цел да се избегнат  неповолните временски услови, Русите излегоа со идеја и започнаа масовна изградба на стаклена градина каде одгледуваат органски зеленчук.

Изградбата на оранжериите што зафаќаат неверојатни шест хектари е завршена во Серпухов, близу Москва, објави регионалното Министерство за земјоделство, а пренесуваат светските медиуми. Органски зеленчук ќе се одгледува на оваа област.

– Првите семиња на органски зеленчук беа засадени во Серпухово. Ова го означи почетокот на првата фаза на производство. Изградбата на самата стаклена градина е завршена, објектот е во фаза на поставување на производството – рече министерот за земјоделство и храна на московскиот регион, Андреј Разин.

Оранжериите се опремени со систем за наводнување капка по капка и контрола на климата. Бидејќи станува збор за органско производство, за заштита на растенијата се користат само биолошки методи за заштита на земјоделските култури. Растенијата се опрашуваат со бумбари, што го подобрува растот на земјоделските култури за 20-50%, се вели во извештајот на министерството.

– Втората фаза на стаклена градина треба да започне во првиот квартал од 2021 година, а производствениот капацитет е четири илјади тони зеленчук годишно – додаде Разин.

Инвестирани се 19 милиони евра, а по завршувањето на сите работи во комплексот ќе бидат вработени 100 работници.

Русија, а особено московскиот регион е позната по неповолната клима, долгите и сурови зими кои практично траат од септември до мај. Сепак, производството во пластеници би го решило овој проблем, а московјаните ќе можат да купуваат свеж органски зеленчук што нема да мора да се транспортира подолго време.

„Современо Земјоделство“

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *