Северна Македонија има капацитет и ресурси да создаде прехранбена индустрија што ќе биде еден од столбовите во економскиот пораст

Вести Совети

Загуби, зголемен увоз, неликвидност во работењето, лоша состојба во земјоделството, инфраструктурни недостатоци и транспортни проблеми се клучните проблеми што со години го кочат развојот на македонскиот прехранбен сектор.

Нашата земја има капацитет и ресурси да создаде прехранбена индустрија што ќе биде еден од столбовите во економскиот пораст.

 

Претседателот на здружението на земјоделци „Агрофаланга“, Љупче Станковски, вели дека прехранбената индустрија е тесно поврзана со земјоделското производство во државата.

– Доколку има на располагање доволно суровини со поволна цена, таа ќе се развива и шири, а потоа ќе го поттикнува земјоделството за поголемо производство, со што и понатаму ќе се зголемува рентабилноста – смета Станковски.

 

 

Извозот на храна лани достигнал 319 милиони евра, но податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека увозот расте многу побрзо од извозот, поради што дефицитот во трговијата со храна секоја година се зголемува.

– Ако се анализира структурата на извозот и на увозот на храна, се доаѓа до заклучок дека над 50 отсто од извозот се должи на свежо овошје и зеленчук, додека најголеми увозни ставки се месото, житото, овошјето, зеленчукот и млечните производи – вели Димитриевски.

Тој вели дека проблемот не треба да се лоцира само кај примарното производство туку и кај преработувачката индустрија.

– Биолошкиот карактер на земјоделското производство оневозможува да се произведува сѐ што бара пазарот, па нормално е производите што не може да се произведат во нашите климатско-географски услови да доаѓаат од увоз.

Состојбата на прехранбената индустрија е многу комплексна, заклучуваат упатените, потребна е стратегија што ќе направи тектонски поместувања во овој сектор, а тоа ќе значи решавање на сите проблеми.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *