Штети од полжавите во земјоделството

Вести

Полжавите можат да направат значителни штети по растителните посеви, особено во подрачја со голема влажност, покрај реки и потоци, покрај шумски појаси, во пластеници и стакленици.

Ги напаѓаат сите градинарски растенија, освен кромидот и лукот. Покрај директните штети со грицкање на лисјата, полжавите на нив оставаат траги од лигава-слузава материја која ја лачат во текот на развојот.

За нормален развој на полжавите потребна е оптимална температура од 12 – 220С, и умерена влажност на почвата од 20 –  40%. Ниската влажност претставува опасност за нивниот развој и доаѓа до угинување.

Полжавите се уништуваат со превземање на интегрални мерки за заштита, кои подразбираат отстранување на поволните услови за појава и развој, препреки од прашкасти материи кои причинуваат дехидрирање (пепел, вар ), кои се распрашуват околу растението и служат за уништување на полжавите. Овие материи ја одземаат влажноста од полжавите. Најдобро делуваат кога е суво. На патот на движењето на полжавите или околу растението може да се употреби и минерално губриво. Тоа има исто дејство како пепел или вар.

Поставените остри лимени препреки по ивиците на леите, пластениците и стаклениците претставуваат одлични и трајни препреки за заштита од полжавите.

Мамците за исхрана се користат да ги привлечат полжавите. Стари конзерви или пластични чаши укопани во почвата, а ивиците на предметите да бидат рамни со почвата и наполнети со пиво, ги привлекуваат полжавите, кои влегуваат во нив и гинат.

 

ЗЗ “Современо Земјоделство”

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *