Штипските пчелари и оваа година имаат помали приноси на медот

Вести Пчеларство

Пчеларите од штипскиот регион годинава повторно ќе бележат ниски приноси на медот во споредба со подобрите години, но и со приносите на медот на пчеларите од останатите региони во Источна Македонија.

Претседателот на Здружението „Пчелар 2014“-Штип Томе Толев вели дека состојбата со медот ќе се подобри откако пчелите ќе ги префрлат на паша на повисоките делови.

– Приносот на мед е од седум до осум килограми во просек од пчелно семејство во ниските делови. Во споредба со лани имаме некое подобрување, но не е како поранешните години, кои беа многу добри. Имавме и просек, односно не беа под 20 или 30 килограми од пчелно семејство, рече Толев.

Тој додава дека има и реакции од пчеларите за цената која, како што рече, ја урива увезениот мед. Бараат инспекциите да излезат на терен за да го испитаат квалитетот и потеклото на медот, кој се продава по цена од 190 денари. 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *