Силно невреме со град погоди повеќе делови од Македонија

Вести

Силно невреме  проследено со град со големина на  орев го погоди пелагонискиот регион вчера доцна попладнето.

Погодени се Демир Хисар, Битола, Прилеп.. Засега нема информации за штети на земјоделските површини.

Невреме проследено со град, ветер и силен дожд попладнево го зафати кичевскиот регион, што траеше околу 20 минути. Жители од северниот дел на кичевско се пожалија дека градот го упропастил родот на цреши, јагоди и други култури кои зреат во овој период.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *