Симпозиум за земјоделство: Храна ќе има, но потребно е поголемо домашно производство

Вести

Земјава се соочува со недостиг на храна од сопствено производство и добар дел од храната го увезува подолг период. Експертите, учесници на четвртиот Симпозиум за земјоделство и храна што се одржува во Охрид, сметаат дека во светот ќе има храна, но цената по која ќе можеме да ја набавиме е дискутабилна, како и дека треба да се мотивираат домашните фармери да го зголемат производството.

Професорот Ордан Чукалиев од Факултетот за земјоделство во Скопје смета дека во државата немаме доволно земјоделци кои би произведувале доволни количини храна.

– Имаме голем број регистрирани земјоделци, но многу возрасни. Немаме млада генерација на фармери, сме ги запоставиле. Дури сега има некакви пристојни услови да станеш млад фармер. Меѓутоа просторот што се јави во 20, 30 години не поддршка, сега имаме фармери што се на крајот на својата фармерска кариера и нови коишто не знаат, истакна Чукалиев.

Тој укажа дека отсекогаш сме биле зависни од увезена храна и оти не располагаме со ресурси да произведеме доволни количини.

– Кога говориме за храна, говориме за оние основни продукти што ја претставуваат храната. Не говорам за зеленчуковото производство, овоштарство, лозарство… Храната ви е зрното и скробот, шеќерот и маслото. Тоа се основните фактори. Па ние 20 години немаме шеќерна репа. Нашата шеќерана не работи. Производството на сончоглед долго време беше паднатот на некакви срамни површини. Нашите земјоделци се екстремно мали. Два хектари е просечната површина на фарма во земјава. Со таа фарма може да биде само дополнителен земјоделци , мора да има основни средства за извор ова само да му надополни, рече професорот. Тој смета дека земјава никогаш нема да го врати производството, бидејќи и кога произведувала најмногу, тоа не било доволно. Но, нагласи, мерките кои се носат за надминување на енергетската криза, на некој начин ќе ја субвенционираат цената на храната.

– Ниедна сериозна земја нема да дозволи да се јави глад. Ние имаме навистина многу сиромашна популација. Меѓутоа мислам дека ќе има мерки со кои ќе се овозможи секој да си дозволи храна во овој кризен период, изјави Чукалиев.

Професорот Мухамед Брка, декан земјоделскиот факултет во Сараево наглаи дека пандемијата со Ковид и конфликтот меѓу Украина и Русија не насочуваат кон тоа колку ни е битно да имаме сопствено производство на храна.

– Во светот не е произведувало никогаш повеќе храна од 2021 година, а ние имаме пробелм со храната и цената. Тоа што нашите граѓани треба да знаат храна ќе има секогаш, само прашање е по која цена и кој ќе може да си дозволи. Тоа е еден голем проблем што мислам дека политичарите од Западен Балкан не го решиле сеуште, или не сакаат, бидејќи гледаме дека ни политичарите од ЕУ не се во состојба тоа да го решат, рече Брка. Тој изрази надеж дека политичарите во Босна и Херцеговина ќе почнат да размислуваат дека вложувањето во земјоделско производтсво не е трошок, туку инвестиција за во иднина.

– Сакавме на Запад, во ЕУ, но големите фирми не ја чувствуваат кризата, никогаш поголем профит немаат направено. Поскапувањата на цените се нереални. Големите играчи кои сакаат да заработат и затоа ни е битно нашите влади да ги субвенционираат и поддржат нашите фармери да може нашиот производ да биде конкурентен на пазарот. Неможам ни владите да ги осудувам зошто ние се согласивме со ЕУ, таа ги диктира правилата на игра, кој не сака да ги почитува останува на страна, па може да очекуваме уште потешка ситуација, рече професорот од сараевскиот факултет.

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *