Сите информации на едно место – Прифатливи инвестиции, Корисници, Услови, Ко-финансирање, Бодување, Потребни документи

Вести Огласи

МЕРКА 121 – ИНВЕСТИЦИИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121 – Инвестиции за
модернизација на земјоделски стопанства изнесува 600.000,00 денари.

Крајниот рок за доставување на барањата за финансиска поддршка не подоцна од 10.06.2023 година.

ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИОНИ АКТИВНОСТИ И ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ ПО ИНВЕСТИЦИОНИ АКТИВНОСТИ
Согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година
прифатливи се следните инвестиции:

 Инвестиции за набавка на земјоделска механизација , хардвер и софтвер за
примарно земјоделско производство
 Набавка на пчеларска опрема,
 Набавка на силоси,
 Набавка на машини за разбивање на мраз
 Инвестиции во објекти за производство на храна од животинско и/или
неживотинско потекло,
 Набавка на опрема за навигација и смарт земјоделство на постоечки
трактори, комбајни и приклучна механизација,
 Инвестиции во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за
сопствена потрошувачка, за потребите на објектот
 Набавка на опрема за производство на тутун,

 

КОРИСНИЦИ

За проектите од мерка 121, потенцијален корисник е земјоделско стопанство упишано
во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството
и рурален развој по следниве основи:

Физички лица:

 Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство кој се стекнал
со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување;
 Носител на семејно земјоделско стопанство
 Носител на земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделство како
дополнителна дејност;

Правни лица:
 Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на
земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;
 Трговски друштва регистрирани согласно Закон за трговски друштва со
приоритетна/приходна дејност од областа на примарна земјоделска дејност;
 Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва со
приоритетна/приходна дејност од областа на примарна земјоделска дејност;

 

КРИТЕРИУМИ/УСЛОВИ

Услови кои треба да ги исполнуваат барателите се следни:

1. За инвестиции во приклучна земјоделска механизација
– Минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни земјоделски култури
или на една земјоделска култура или 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено
или 0,5 ха за производствен капацитет тутун.

2. За инвестиции во опрема за производство на тутун
– Минимум 0,5 ха за производствен капацитет тутун.

3. За набавка на силоси
– Максимален капацитет на силос од 25 тони.

4. За инвестиции во во објекти за производство на храна од животинско и/или неживотинско
потекло
– За инвестиции во мандри – минимум 150 овци и/или 50 кози

5. За инвестиции во пчеларска опрема
– Центрифуга, топилник за восок, млин за шеќер, пчеларска вага, садови за мед, декристализатор
и електричен отклопувач на саќе.

 

НАЧИН НА КО-ФИНАНСИРАЊЕ

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на реализирани
и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на
одобрените прифатливи трошоци.
Ставката на ко-финансирање се зголемува во одредени случаи, и изнесува:
 55% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени
од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години
старост на денот на поднесување на инвестицијата;
 60% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции во
земјоделско стопанство кое се наоѓа во подрачје со ограничени
можности;
 65% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени
од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години
старост на денот на поднесување кое се наоѓа во подрачје со ограничени
можности.
 75% за инвестиции во недостапни рурални заедници

 

БОДУВАЊЕ

 

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА МЕРКА 121

 

 

-Одобрените и исплатени средства се неповратни при што корисникот не смее да ја отуѓи инвестицијата ко-финансирана од средствата на оваа Програма во рок од 5 години од денот на исплатата на средствата.

-Почеток на реализација на инвестициите е по потпишување на договорот.

 

За комплетна апликација обратете се во „Современо Земјоделство“ на телефон 076/280-300

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *