Сите земјоделци навреме ќе бидат известени кога започнува пријавувањето за субвенции по програмата за 2020 година

Вести

Со оглед на се позачестените прашања од страна на земјоделците кога ќе започне пријавувањето за новите субвенции, одговара првиот човек на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

-Земјоделските производители и оваа година ќе си аплицираат со своите производствени капацитети. Се подготуваме за тој процес, се вршат последните тестирања на системот и многу скоро ќе ги информираме сите земјоделците за започнување на пријавувањето за програмата 2020 година – изјави за Агротим, Бабовски и потсети дека ситуацијата годинава е поразлична од другите години поради вонредната ситуација предизвикана од пандемијата со Ковид – 19 и уредбата која беше на сила за замрзнување на процесите.

-Земјоделците да не се грижат, навреме ќе ги информираме и оваа година ќе си аплицираат со своите производствени капацитети за програмата за 2020 година – изјави Бабовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *