Скок на цената на пченицата на светските пазари

Вести

Цената на пченицата на меѓународните пазари скокна и достигна рекордно ниво во последните два месеци, откако Индија, како втор најголем производител во светот, го забрани нејзиниот извоз.

Цените на пченицата оваа година поскапеа за околу 60 отсто на светските берзи, што ја зголеми цената на сите производи од брашно, од леб до тестенини, објави Би-Би-Си.

Индија е втор по големина производител на пченица во светот, но претходно не беше голем извозник бидејќи најголем дел од земјоделските култури се продаваа на домашниот пазар.

Владини претставници потврдија дека забраната не е трајна и дека одлуката може да се ревидира. Овој потег на индиската влада следеше затоа што, поради руската инвазија, извозот на украинската пченица значително се намали.

Во исто време, цените на пченицата во Индија се искачија на рекордно високо ниво поради топлотниот бран што ја погоди таа земја.

Со сушите и поплавите кои им се закануваат на посевите кај другите големи производители, трговците со суровини очекуваа индиските залихи да надоместат дел од недостатокот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *