Снегот и ниските температури неповолни за виновата лоза

Вести

Лозјата најповеќе на удар од пролетниот снег што ја зафати земјава.  За другите овошки сеуште нема опасност од целосно измрзнување, уверуваат агрометеролозите.

Кајсијата, сливата, бадемот, праската и останатите сорти кои веќе се расцветани се имуни  на моменталните температури кои се спуштија и до -2 степени.  Ваквите временски услови не се закана за целосно уништување,  можно е да дојде само до намалување на родот.

Најниски температури  ќе има во недела, кога се очекува и мраз. Затоа агрометеролозите препорачуваат земјоделците навреме да превземат соодветни агротехнички мерки.

Минатата година беше најтешка за лозарите. Екстремно ниските температури кои лани во април ја зафатија земјава речиси целосно ги уништија  лозовите насади  на над 18 илјади семејства кои се занимаваат со оваа дејност. А измрзнаа и јаболката и оревот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *