Снегот може да ја наполни браната Стрежево, планиран контролиран испуст на водата

Вести

Максимумот на акумулацијата „Стрежево“ е 120 милиони метри кубни вода, а во моментот таа изнесува 70 милиони. Топењето на големите количини снег кои наврнаа во битолско, ќе донесат и зголемување на водата во Стрежевското езеро, а штом достигне 95 милиони метри кубни вода, водата ќе почне плански да се испушта за да се заштити Пелагонија од поплави, велат од ЈП „Стрежево“.

– Снегот ќе ја наполни акумулацијата со максимална кота и за наредниот период очекуваме да почниме со планско испуштање на вода за правење на електрична енергија, односно вклучување на хидроцентралите. Кога ќе достигне акумулацијата 95 милиони тогаш плански ќе ја испуштаме водата за да можеме да ја заштитиме Пелагонија од поплави, вели МЕНДЕ ГРАМАТКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ЈП „СТРЕЖЕВО“.

Од „Стрежево“ велат дека снегот е добредојден и значи редовна испорака на вода до корисниците.

-Сливното подрачје на реката Шемница и нашиот собирен канал внесуваат вода и ја полнат акумулацијата. Со топењето на снегот и со дождовите во пролетниот период очекуваме да се наполни акумулацијата од 120 милиони метри кубни вода, а да ги задоволиме потребите на сите водокорисници, истакна Граматковски.

Според Граматковски, оваа година Пелагонија и сите земјоделски производители, корисници кои што користат вода за индустријата, вода за пиење, како и РЕК Битола, нема да имаат проблеми за цела 2019 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *