Во петок и сабота ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Под влијание на влажен бран, во текот на ноќта сабота кон недела и во недела преку денот ќе има наоблачување со засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег, а вдолж Повардарието од дожд и снег.

Слаб снег ќе провејува и во понеделник претпладне.
Прогноза за 03.01.2020
Минимална температура: -9°C до -1°C
Максимална температура: 3°С до 12°C
Претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 04.01.2020
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 3°C до 14°C
Претпладне сончево, а попладне облачноста постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 05.01.2020
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 0°C до 6°C
Облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, а вдолж Повардарието од дожд и снег. Ќе дува засилен северен ветер.