Започна реализацијата на ”Проектот за изградба/реконструкција на улици во населените места во руралните средини во Пелагонискиот регион”, кој се имплементира во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, мерка 322 – Обнова и развој на селата, подмерка 322.2 – Инвестиции за изградба и/или реконструкција на улици во населени места во руралните средини.
Со овој проект во општина Битола се врши реконструкција на улиците 9-та и 17-та во должина од 335.4 метри во населеното место Долно Оризари.
Со имплементацијата на проектот ќе се подобри инфраструктурата, ќе се унапреди квалитетот на животот и ќе се придонесе за целокупниот економски и социјален развој на овој дел од регионот.
Современо Земјоделство