Сончево и потопло со мала облачност, температура до 23 степени

Вести

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи

Утринските температури ќе се движат од минус 3 до 4 степени, а дневните од 13 до 23 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и потопло со утринска температура до 2 степени, а дневна до 22 степени

УХМР најавува дека до петок ќе преовладува претежно сончево време и наутро постудено, а преку денот со се повисоки температури. Во сабота облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во недела и понеделник кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има позначително спуштање на температурите. /МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *