Сончево и релативно топло, температури до 23 степени

Вести

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност.

Претпладне вдолж Повардарието ќе има значителна ниска облачност, која попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната од 17 до 23 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има слаба магла и ниска облачност, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Од вторник ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурите.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *