Сончево и топло, попладне дожд, грмежи и ветер

Вести

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Попладне, претежно во северните делови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 14 до 23, а максималните од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер, од над 60 километри на час и услови за појава на град. Од утре температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *