Сообраќајот се одвива по суви коловози, отстранета девијацијата на коловозот на делницата Пресека–Песочан

Вести

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од Г.П. Илинден – Струга известуваат дека на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан кај м.в. Печуркара, каде што сообраќајот се одвиваше по девијација, таа ќе биде одстранета и сообраќајот ќе се одвива нормално по коловозната лента.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *