Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Снег провејува на Стража и Маврово.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ:На 05.02.2023 г од 06,00ч во прекин е сообраќајот на патот Скопје-Танушевци, поточно од с.Бродец кон с.Танушевци поради големи наноси од снег и ветер.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година.