Совети: Како да ги сочуваме плодовите на малините?

Вести Совети

Дали плодовите на малината е тешко да се чуваат? Еве неколку совети за да ги зачувате плодовите од вашата малина, во зависност од класата на која припаѓаат.

Во зависност од тоа која е целта на малината, го одредуваме начинот на чување на плодовите. Најнапред треба да направиме класификација. 

Класификација на малините :

Плодовите на малината се класифицираат според нивниот квалитет во три категории: плодови со екстра квалитет, плодови од 1-ва класа и плодови од 2-ра класа.

Екстра класа – плодовите треба да имаат облик, развиеност и боја карактеристична на сортата, како и да бидат без цветна обвивка.

Класа I – плодовите треба да бидат правилно развиени, изедначени по големина и зрелост и со карактеристична боја на дадената сорта. Може да содржи до 5 плодови со цветна обвивка.

Класа II – плодовите по квалитет не ги исполнуваат критериумите од претходните 2-ра класа. Тие можат да бидат со нееднаква зрелост и големина и да содржат до 10 плодови со цветна обвивка.

Малините од екстра и од I- ва класа се пакуваат во мали плитки дрвени гајби, кои мораат да бидат во рамки. Овошјето за употреба во свежа состојба исто така може да се пакува во мали кутии од парафински картон, стружено дрво, перфорирана пластика или стиропор, во кое собира од 0,25 кг до 1 кг овошје. Овошјето наменето за замрзнување се ставаат во отворени плитки дрвени гајби во два слоја, за полесно замрзнување. Овошјето наменето за преработка во сокови, може да се бере и во подлабоки садови.

Во нормални услови, малините може да се чуваат 1 до 2 дена. На температура од 0 ° C и релативна влажност на воздухот 85-90 %, малините може да се чуваат 3 до 8 дена. Пред да се однесат на пазарот, малините од ладилните комори, неопходно е во комората да се чуваат 10-15 часа на температура од 6-8 ° C, со што се спречува оросување на овошјето, што би довело до губење на квалитетот или расипување. Подолго чување на овошјето може да се постигне со замрзнување, или зачувување со сулфурна или мравја киселина.

Овошјето наменето за замрзнување, после приемот, најпрво се лади на 0-2 ° C во фрижидер , а потоа се замрзнува на температура од -35 до -40 ° С На овој начин замрзнатото овошје може да се чува на температура од -18 до -20 ° C и повеќе од една година.









Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *