Денес средба на МЗШВ со производителите на зелка

Вести

„Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство го следи пласманот на пролетната зелка на терен од самиот старт, но и преку разговори со земјоделските производители и трговците пред почеток на откупот. Разбирлива е грижата на земјоделските производители и стравувањата од драстично намалување на цената на пролетната зелка, имајќи го предвид искуството од неколку години наназад. Со цел обезбедување на сигурен пласман и откупна цена, денес во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се одржи средба со производителите на зелка, кои вчера излегоа на предупредувачки протест во село Муртино Струмичко“, пишува во соопштението на Министерството за земјоделие.

„На средбата само ќе ја потврдиме заложбата на Владата за сигурно производство и откуп што е во интерес не само на земјоделците туку и на извозниците.
Обезбедувањето на сигурен пласман за земјоделските производи е еден од клучните приоритети на Владата на Република Македонија. Во таа насока, како ресорно министерство интензивно работиме на промоција и отворање на нови пазари за македонските земјоделски производи, порачаа од Министерството за земјоделство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *