Средби со земјоделците во Соколарци и Спанчево за консолидација на земјиштето

Вести

Денеска проектот финансиран од Европската унија – МАИНЛАНД, кој го спроведува ФАО во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) одржа индивидуални средби со земјоделците и сопствениците на земјиште од селата Соколарци и Спанчево – две од дванаесетте локации избрани за консолидација на земјоделско земјиште во земјата.

Овие активности се дел од процесот на спроведување на Студиите за изводливост, како прва фаза од постапките за консолидација на земјоделско земјиште, кои треба да покажат дали консолидацијата на земјиште е изводлива во секое од идентификуваните потенцијални области низ државата.

На индивидуалните средби кои се во тек, избраните геодетски компании работат директно со земјоделците и локалните заедници на проценка на моменталната состојба на терен, утврдување на подготвеноста на земјоделците и сопствениците на земјиште да се вклучат во процесот на консолидација, идентификување на индивидуалните потреби, како и проверка дали се задоволени сите предуслови за успешна имплементација на консолидацијата на земјиште, во секоја од избраните области.

Врз основа на анализата на ситуацијата, студиите ќе обезбедат препораки за најдобар пристап за консолидација на земјиштето во секоја од областите, а исто така ќе ги идентификуваат и приоретизираат потребните инвестиции во земјоделска инфраструктура согласно потребите во секоја заедница.

Проектот го поддржува целокупниот процес на спроведување на претстојните Студии за изводливост во секоја од избраните области, преку јакнење на капацитетите на геодетските фирми кои ги спроведуваат студиите, внимателно следење на теренските активности и подготовка за активностите што ќе следат во наредните фази од процесот на консолидација на земјиштето.

Утре, заедно со проектот МАИНЛАНД и МЗШВ, геодетските компании ќе остварат средби со земјоделците во селата Царев Двор во Општина Ресен и Логоварди и Оптичари во Општина Битола.

 

 

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *