Српската влада одобри извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка во Северна Македонија, за договорите склучени пред стапувањето во сила на привремената забрана за извоз на основни земјоделски производи.
„Овој заклучок овозможува реализација на веќе договорените деловни аранжмани меѓу компаниите од Србија и регионот“, беше соопштено по владината седница.
Наведено е дека „тоа нема да предизвика нарушувања во функционирањето на домашниот земјоделско-прехранбен сектор, ниту да ја загрози прехранбената безбедност на населението“ и ќе придонесе, како што беше посочено, „градење доверба и одржување добри трговски односи во регионот“, пренесуваат српските медиуми.