Штип добива две нови индустриски зони

Вести

Нови парцели за индустриски капацитет се оформуваат во близина на штипската приградска населба Три Чешми, со цел да им се излезе во пресрет на барањата на бизнис-заедницата, која бара и сака да инвестира во нови објекти. Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов вели дека во моментов се работи на 30 парцели во оваа зона, кои за еден до два месеца ќе бидат оформени и понудени на продажба.

-Од друга страна во пределот, кај клучката на влезот во Штип, после бензинската станица на „Макпетрол“, оној дел кој е кон петтиот километар, а кој е во атарот на село Сушево ќе биде индустриска зона, која со урбанистички проекти ќе почне да се парцелизира и во наредните два до три месеца ќе се почне да се лицира земјиште во тој дел, каде што повторно тоа ќе биде за индустриски капацитети. Од страна на општината ќе биде даден и налог во рок од две години таму да се изградат индустрски капацитети – вели Николов.

Посочува дека за оваа индустиска зона ќе биде даден услов за инвеститорите, фабриките да ги изградат максимум за две години, со цел да се отворат нови работни места. Тој денеска, имал средба со сопственикот на фирмата „Актива”, а на којашто е разговарано токму за новите индустриски зони, кои ги бара штипската бизнис заедница.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *