Стипендирање на децата на регистрираните земјоделци за едукација во земјоделските струки

Вести

Забрзаниот раст, развој и стабилност на нашата држава нераскинливо е поврзан со ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО и секогаш било така низ историјата. Земјоделството е втор сектор во државата по учество во бруто националниот доход (БДП). Земјоделството е клучно за развојот на целото стопанство, рамномерен регионален развој и задржување на руралните средини во витална состојба со создавање услови младата популација да остане во нив.

Предвидени се повеќе мерки во новата програма Земјоделство 20-24 „МОЖЕМЕ“.

Една од мерките е и „Стипендирање на децата на регистрираните земјоделци за едукација во земјоделските струки“.

Мерката предвидува доделување стипендии од програмата за рурален развој за сите деца на регистрираните земјоделци кои ќе се запишат во средно земјоделско училиште на која било, насока како и доделување стипендии за сите студенти на регистрирани земјоделци кои ќе се запишат на земјоделски, сточарски или ветеринарен факултет во земјата.

Мерките во оваа програма претставуваат продолжение и надградба на воспоставените мерки, а со цел обезбедување на постојано, одржливо и доволно домашно производство, подготвено за сите понатамошни предизвици.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *