Стрежево ја започна сезоната за наводнување

Вести

Со зголемувањето на температурите во изминатата седмица и зголемувањето на потребите за вода од страна на земјоделците се започна со наводнување на земјоделските култури во Пелагонија.

Директорот Граматковски посочи дека Главниот канал и главните цевководи се подготвени за наводнување.
Акумулацијата Стрежево во подрачјето на дејствување е подготвена за навремено и квалитетно наводнување на земјоделските површини и се очекува успешна наводнителна сезона, рече првиот човек на претпријатието.
Директорот истакна дека хидросистемот во моментот е со нормални количини вода односно ќе се обезбеди доволно вода за реализација на планот за наводнување за оваа година.

Пријавувањето за склучување на договори за испорачување на вода на заинтересираните земјоделци за предвидените земјоделските површини ќе започне од 20.05.2020 година во наплатниот центар во рамките на управната зграда на претпријатието и ќе трае до 01.07.2020 година (во временскиот период од 07-18 часот, секој работен ден).

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *