“Стрежево” набави современ локатор (радар) за лоцирање на подземна инсталација со GPR сигнали

Вести

Јавното претпријатие “Стрежево” од сопствени средства изврши јавна набавка на современ локатор (радар).

Со овај локатор ќе се лоцираат сите подземни инфраструктурни инсталации ( бетонски канали, железни и ПВЦ цевки и секаков вид на кабли) со GPR сигнали и широк спектар на бранови.

Се изврши и обука на стручниот кадар од претпријатието. Во обуката беа вклучени градежни инжинери, ITинжинери, машински и електротехнички инжинери и техничари од овие области.

Со набавката на ова основно средство за работа навремено, брзо и точно ќе се лоцираат цевките од деталната цевководна мрежа, подземните бетонски канали и енергетските и сигналните кабли од постројките во претпријатието.
Стрежево вложува во современа технологија.

Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *