Струмица почна со брендирање на шумските производи од планината Беласица

Вести

Струмица почна со брендирање на шумските производи од планината Беласица. ,,Беласица планински производ“, ова е брендот под кој во иднина на пазарот ќе се пласираат дел од производите  кои потекнуваат од територијата на оваа планина.

Питомиот костен, боровинката и вргањот се производи со заштитен географски назив, додека 15 други шумски производи,  но и преработките од нив како  лешник, капина,кантарион, шумска јагода, планински чај, мајчина душичка, бозел,  на пазарот ќе се пласираат  означени со сертификатната трговска марка „Беласица планински производ“.

Постапката за заштита на природата  со одржливо користење на диворастечки природни производи ја поведе општина Струмица со што стана првата локална самоуправа во државата која презела таков чекор.

„Постапката за регистрација на производи со заштитено географско потекло и назив како и заштитата со сертификациона трговска марка веќе се завршени во државниот завод за индустриско потекло. Општина Струмица како носител на правото на сертификатната марка,, Беласица планински производ,, воведува регистар за право на користење  на сертификатната марка за субјекти кои се корисници“, вели Томислав Андреев, Општина Струмица.

Според Панче Николов од организацијана Натура Нова кои се дел од проектот , со брендирањето производите од Беласица добиваат име и идентитет. Сето тоа треба да  придонесе и за поголема промоција на локалната економија, но и развој на зелени работни места.

,,Ова се работи со помош на системот за географска заштита, географски назив на потеклото на производот и со трговска марка која во иднина ќе биде исто така брендирана и во прометот ќе се разликува од сите други производи кои немаат идентитет, вели Панче Николов, Натура Нова.

Проектот  за брендирање на шумските производи од Беласица е дел од програмата за подобрување на управувањето на заштитени подрачја финансиран од ЕУ. Во проектот свое учество имаат и македонски шуми, шумарскиот факултет, државниот завод за индустриска сопственост, повеќе невладини организациикако и приватни компании и здруженија.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *