Одобрен годишниот план за заштита и стопанисување со рекреативната зона Акумулација Стрежево за 2020 година

Благодарение на навременото одобрување на планот од страна на министерот, создадени се предуслови за организирање на рекреативен риболов во 2020 година, односно овозможување на вршење физичка и еколошка заштита и користење на рибите преку планско експлоатирање на одржлив начин со мерки и активности кои, во континуитет, се во функција на остварување на стратешките приоритети и цели на Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола.

Share
Прочитај повеќе

ЈП „Стрежево”-Битола подготвени и со нова опрема во сезоната за наводнување

Според генералниот директор на претпријатието, Методија Граматковски, корисниците на вода и ова лето ќе бидат безгрижни за наводнување на земјоделските површини, а вода ќе има за индустриските капацитети и за граѓаните бидејќи во акумулацијата во моментов има околу 95 милиони кубни метри вода.

Share
Прочитај повеќе

Снегот може да ја наполни браната Стрежево, планиран контролиран испуст на водата

– Снегот ќе ја наполни акумулацијата со максимална кота и за наредниот период очекуваме да почниме со планско испуштање на вода за правење на електрична енергија, односно вклучување на хидроцентралите. Кога ќе достигне акумулацијата 95 милиони тогаш плански ќе ја испуштаме водата за да можеме да ја заштитиме Пелагонија од поплави, вели МЕНДЕ ГРАМАТКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ЈП „СТРЕЖЕВО“.

Share
Прочитај повеќе

Акумулацијата Палурци порибена со 450 килограми крап

Од ЗСР „Костреш“ информираат дека од вкупната количина риба која е пуштена во езерото, 150 килограми се со тежина од 50 до 800 грамови и 300 килограми со тежина од два до пет килограми.
Инаку, од вчера на оваа вештачко езеро почна забраната за ловење крап, додека спортскиот риболов на црвеноперка и караш е дозволен.

Share
Прочитај повеќе