Нов дополнителен рок од 15 дена за сите заинтересирани за искористување на средства од ИПАРД 2, Мерка 7

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите заинтересирани за добивање на финансиска поддршка од ИПАРД 2, мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“, дека се дава дополнителен рок од 15 дена за доставување на апликациите за добивање на финансиска поддршка преку оваа мерка од ИПАРД 2 програмата.

Share
Прочитај повеќе

Со учество на саеми до поголем извоз

Компаниите предлагаат определување една надлежна институција за обезбедување финансиска и логистичка поддршка на претпријатијата што настапуваат на саемите, за олеснување на процедурите за аплицирање за поддршка и намалување на административниот товар на фирмите.

Share
Прочитај повеќе

АФПЗРР: Привршува рокот за поднесување на е- барања за субвенции

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги потсетува  сите корисници на субвенции дека рокот за поднесување на барања за добивање на финансиската поддршка е при крај. Барањата ќе може да ги поднесуваат уште три дена, односно до понеделник 1- ви јули 2019 година.

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2019 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2019 година

Од денеска до 15- ти јули, сите субјекти кои ги порибиле рибниците со порибителен (насаден), материјал во периодот од 1- ви  февруари до 30- ти мај, ќе може да аплицират за добивање на финансиска поддршка од Програмата за рибарство и аквакултура.

Share
Прочитај повеќе

ИПАРД Програмата е клучна за модернизција и унапредување на домашниот агро – сектор

До крајот на годината се очекува да се исплатат 8,3 милиони евра за проекти од ИПАРД Програмата. Ова го истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски на работниот состанок со претставници на Директоратот за земјоделство при ЕУ Лијам Бреслин и Зиго Рутковски во Брисел.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Го исполнуваме ветеното, ја воведовме мерката за субвенционирана нафта за земјоделската механизација

Во тек е јавниот оглас за набавка на гориво за земјоделска механизација што воедно претставува и последниот чекор од процедурата за воведување на оваа нова мерка. Мерката која за прв пат ја воведува оваа Влада има единствена цел да им го олесни производството на земјоделците и да им ги намали трошоците за механизацијата.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Ќе се излезе на терен и ќе се утврди точниот број на овци

Според информациите од МЗШВ веќе се прави ревизија, односно попис на овците на терен, со што ќе се прекине со манипулациите и ќе се овозможи правилно субвенционирање на вистинските сточари, со цел да се зголеми и сточниот фонд.

Share
Прочитај повеќе

При крај е рокот за аплицирање за набавка на педигриран приплоден добиток

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска преку соопштение ги потсети сите заинтересирани дека во четврток, на 11- ти април завршува рокот за аплицирање по Мерката 121 „Набавка на приплоден добиток. Преку програмата за Рурален развој на располагање се 91 милион денари за набавка на приплоден добиток односно, педигрирани машки и женски приплодни грла кози, високостелни педигрирани јуници ( со исклучок на расата Буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци од увоз или од признати организации.

Share
Прочитај повеќе

Успешна приказна за користење европски пари во млекарницата „Сентис“ АГ во Тетовско Џепчиште

-Законот за финансиска поддршка го проширивме за опрема за преработка на земјоделски производи со цел да ги заштитиме земјоделците и да им овозможиме своето производство да не го продаваат како свежо, туку преработено со што се добива додадена вредност но и се зголемува трајноста на производите. Така тие нема да мора да ги продаваат своите производи кога има најниска цена или пак дел од производството да не го продадат, изјави Анѓушев.

Share
Прочитај повеќе