ГРАДОНОСНИ облаци ќе ја зафатат државата, ПРЕУПРЕДУВАЊЕ до земјоделците

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса но и поради многу загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија во следните часови особено во северните а потоа и во централните и во југоисточните предели од државава ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Share
Прочитај повеќе

Агро – метео: Во недела опасност од невреме и можност за врнежи од град

Атмосферата ќе биде многу исполнета со енергија па така локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог кое може да доведе до поплавувања, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град кој има услови да биде и од поголема величина (покрупен).

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Со нов систем за авионско засејување на облаците, до заштита на земјоделското производство од град

Поради сѐ позачестените негативни последици од климатските промени и појава на град, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, интензивно работи на мерки со кои што ќе се заштити земјоделското производство од штети од временските непогоди, конкретно од град, и овој нов систем е само дел од мерките за заштита од временски нeпогоди.

Share
Прочитај повеќе

Предупредување за обилни врнежи до 17-ти мај

Под влијание на серија влажни бранови денес и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд од над 50 л/м2, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2 за целиот период. Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Share
Прочитај повеќе

Невреме беснееше низ Македонија: Силен град, ќе се утврдуваат штети

Врнежи од град вчера ги зафатија четирите општини од Тиквешијата, дополнително ќе се утврдуваат штетите врз земјоделските култури. Ова денеска за МИА го потврдија Драган Николов и Ѓорѓи Ајтов, од подрачните служби на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Кавадарци и Неготино.

Share
Прочитај повеќе

Унгарија постави уникатен систем за земјоделците за борба против градот

“Ние имаме копнени генератори кои се наоѓаат низ целата земја. Тие испаруваат сребро јодид нагоре во атмосферата, и со тоа ги спречуваат водните капки да формираат кристали, односно дождот да премине во град. Кога ќе добиеме сигнал од метеоролошката служба, можеме да го активираме системот и да го спречиме градот “, објаснува Кочи.

Share
Прочитај повеќе

Вчерашното невреме проследено со град ги уништи јаболката во Преспа

Најпогодени од невремето се селата Јанковец, Болно и Избишта. Според земјоделците, градот нанел голема штета на јаболката, чија берба е во полн ек.

Share
Прочитај повеќе

Силно невреме во Прилеп, оштетени површини со тутун, пиперки и житни култури

Според првичните процени на општинските комисии, зафатени се над 300 хектари главно во атарите на Мало и Големо Коњари, месноста „Орде Чопела“ и атарот на населабта Варош. Сто отсто се уништени површините со тутун, пиперки и житни култури.

Share
Прочитај повеќе

Агро – метео: Од утре услови за град, силен ветер и грмежи

Уште од оваа ноќ од запад и од северозапад облачноста ќе започне да се зголемува, па веќе во текот на утрешниот ден, уште во претпладневните часови во западните предели локално ќе има појава на дожд и грмежи, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од западен правец, прогнозира Славчо Поповски.

Share
Прочитај повеќе

Увид на штетите од вчерашното невреме во Ресенско

Според првичните информации, поројниот дожд и врнежите од град предизвикале најголеми штети врз земјоделските посеви во селото Јанковец, како и во делови од селата Златари и Сопотско.
Проценките ќе ги врши Комисијата формирана во мај од Општина Ресен. Рокот за нејзиното делување ќе биде продолжен и дефиниран денеска, зависно од штетите и зафатената површина.

Share
Прочитај повеќе