Ќе се продава државното земјиште, под услов да се обработува

Премиерот Зоран Заев најави продажба на државното земјиште, но под услов истото да се обработи.

Share
Прочитај повеќе

Најдоцна до 31 декември да достаци седибен план за начинот на користење на земјата земена под закуп од државата

Почитувани земјоделци ве потсетуваме на вашата обврска најдоцна до 31 декември оваа година до Подрачната единица  на министерството за земјоделство  да го доставите извештајот за начинот на користење на земјоделското земјиште и исполнување на обврските од договорот за закуп, односно да поднесете сеидбен план.

Share
Прочитај повеќе

Јавен повик бр.04-19 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во регионите Кавадарци, Росоман, Неготино, Ресен, Струга и Струмица.

Share
Прочитај повеќе

Јавен повик бр.03-19 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во следните региони: Берово, Пехчево, Валандово, Гевгелија, Струмица, Прилеп и Штип.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: За 50 отсто зголемени приходите од закуп на државно земјоделско земјиште во 2018-та

– Овој позитивен тренд покажува дека овие две години МЗШВ редовно и навремено врши контрола и наплата на државното земјоделско земјиште што е дадено под закуп. Ова покажува дека државата води грижа и солидно менаџира со распределбата на државното земјоделско земјиште кое МЗШВ со политиките во изминатите две години го враќа во рацете на вистинските земјоделци, наведуваат од МЗШВ во соопштението.

Share
Прочитај повеќе

Сопствениците на оранжерии на државно земјиште, добија можност да го купат земјиштето

Сопствениците на оранжерии, кои се наоѓаат на државно земјиште, добија можност да го купат земјиштето на кое се наоѓа оранжеријата, и со стекнувањето на имотни листови, ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, и ќе остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделец понудил 100 милијарди евра за три хектари земја

За да добие државно земјиште од три хектари на јавно наддавање, земјоделец понудил дури 100 милијарди евра! Неговата понуда била избрана како најповолна и му било понудено да потпише договор со државата. Но, договорот тој никогаш не го потпишал. Земјиштето останало обраснато во трева. При тоа, со ваквата негова несериозна постапка, овој понудувач спречил ова земјиште да го добие некој кому навистина му требало за работа. „Внесуваме уште една можност, односно при електронското наддавање за земјоделско земјиште над 3 хектари, доколку прворангираниот не го склучи договорот, тоа може да го стори второрангираниот“, рече Љупчо Николовски, Министер за земјделство.

Share
Прочитај повеќе

Пчеларите ќе можат да закупат земјоделско земјиште, каде би ги поставувале пчелните семејства

Министерот објасни дека измените на законот, направени врз основа на сериозни анализи, треба да овозможат поголемо вклучување на млади лица во земјоделството. Затоа, младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање закупнина 3 години откако ќе добијат државно земјоделско земјиште. Се решава и проблемот што го имаа пчеларите со недостатокот на површини за поставување на пчелни семејства, кои ќе може да закупат државно земјоделско земјиште за таа намена. И земјоделците што веќе користат хектар или два државно земјиште ќе може да аплицираат за дополнителни парцели, сè до обезбедување на површина од 10 хектари, со што се создаваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.

Share
Прочитај повеќе

Владата ќе субвенционира производство на струја од сончева енергија

„Државата ќе го додели земјиштето на долгорочен закуп, државата ќе го реши проблемот со урбанизацијата и државата ќе преговара со операторот на дистрибутивната мрежа. После потпишувањето на договорот единсвена обврска на инвеститорот ќе биде да си направи основен проект, не е тоа комплицирано, да направи некаков еколошки елаборат, тоа исто така оди брзо, ќе му требаат два – три месеци, во меѓувреме може да ја набави опремата, и тој може за шест месеци да го заврши проекот доколку е добро организиран“, рече  Кочо Анѓушев – вицепремиер за економски прашања.

Share
Прочитај повеќе