Заштитете ги животните од студ и снег

Во вакви услови, одгледувачите на животни навремено треба да обезбедат вода и храна за животните, најмалку за две недели, во количини кои ќе бидат доволни да се задоволат потребите на животните.

Share
Прочитај повеќе

Потребна е рационална и правилна употреба на антибиотиците кај животните

Неконтролираната употреба на антибиотиците во ветеринарната медицина е ризик нивните остатоци и метаболити да завршат во производите од животинско потекло.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: На целата територија на земјава, забранета е работата на добиточните пазари и собирните центри

Движењето на пратки со животни може да се врши само ако животните се правилно идентификувани и придружени со валиден сертификат за здравствена состојба на животните и со документ со кој се потврдува безбедноста на храната со која се тие хранети.

Share
Прочитај повеќе

ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат корона вирусот (COVID-19) на луѓето

ФАО континуирано ги следи и споделува информациите за состојбата со корона вирусот на глобално ниво и ги координира активностите за превенција, подготвеност и откривање кај животните во соработка со СЗО и ОИЕ, по принципот на единствен здравствен пристап One Health.

Share
Прочитај повеќе

Презентирани новините во Годишната програма за здравствена заштита на животните

Покрај зголемувањето на поддршката за реализирање на  активностите од областа на здравствената заштита, како одговорна институција, како што рече Атанасов, воведени се и новини во областа на здравствената заштита, следејќи ги современите текови во ветеринарната медицина.

Share
Прочитај повеќе

Препораки од АХВ за консумирање на безбедна храна и за заштита на животните во услови на високи температури

За да се спречи појава на труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор при нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. Да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување, да се купува храна од проверени места каде има услови и каде производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди.

Share
Прочитај повеќе

За две години, од презадолжена, АХВ прерасна во солвентна институција

Од задолжена институција со натрупани повеќегодишни финансиски долгови кои до јуни 2017 година достигнаа 498 милиони денари или околу 8,1 милиони евра, кон сточарите, ветеринарните друштва, лабораториите и другите испорачатели на услуги и состојба пред колапс на целокупниот систем за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), само за две години, прерасна во финансиски солвентна институција која редовно и навремено ги исплаќа обврските. Со тимска работа, одговорно и посветено, за две години од промената на менаџерскиот тим на Агенцијата, постигнат е евидентен напредок во работењето во сите сектори.

Share
Прочитај повеќе

Растат температурите – Заштитете ја храната и животните

На прагот сме на летото кога со порастот на температурите се зголемуваат и потенцијалните ризици од појава на труење со храна. Високите температури се потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив, навреме не се преземат мерки за обезбедување на доволни количини храна и вода за пиење.

Share
Прочитај повеќе

Eвропската комисија со одлична оценка за АХВ за напредокот во евроинтеграциите

Европската комисија (EK), како и за 2017 година, и во овој извештај, оценувајќи ги завршените активности на Агенцијата за храна и ветеринарство за 2018 и првата половита на 2019 година, даде одлична оценка за постигнатиот напредок во евро – интеграциските процеси за Поглавјето 12 – Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика. Со ваквата проценка на Комисијата, Агенцијата за храна и ветеринарство се вброи меѓу петте институции во државава кои добија највисока оцена.

Share
Прочитај повеќе

Одржан првиот состанок од новиот проект на АХВ

Главна цел е да се заштитат здравјето на луѓето, животните и растенијата, како и да се подобри конкурентноста на македонските агро – прехранбени производи на европскиот и светскиот пазар.

Share
Прочитај повеќе