Најдоцна до 31 декември да достаци седибен план за начинот на користење на земјата земена под закуп од државата

Почитувани земјоделци ве потсетуваме на вашата обврска најдоцна до 31 декември оваа година до Подрачната единица  на министерството за земјоделство  да го доставите извештајот за начинот на користење на земјоделското земјиште и исполнување на обврските од договорот за закуп, односно да поднесете сеидбен план.

Share
Прочитај повеќе

Решение од МЗШВ во врска со огласот за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари

Со ова Решение се поништува дел од Јавниот оглаc бр.01/19 за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари пo пат на електронско jaвнo наддавање, и тоа за географска целина бр.5 Куманово КО Љубодраг со површина од 26ха 84ар 82 м2 и за географска целина бр.20 Штип КО Таринци co површина од 44ха 15ар 62 м2.

Share
Прочитај повеќе

Јавен ОГЛАС бр.01/19 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 1.453ха 20ар 61м2 .
Во Битолскиот регион се следните локации:
Лопатица 144.600м2
Будаково 140.000м2
Новаци-вон.гр 55.179м2

Share
Прочитај повеќе

Јавен оглас за закуп на државно земјоделско земјиште во регион Свети Николе

Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен оглас е со намена за:

подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии, за период до 30 години,
подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
подигање на маслинарници за период до 50 години,
одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,
ливади за период до 15 години,
за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,
рибници до 20 години и
спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Share
Прочитај повеќе

Втор инвестициски оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп над три хектари

Со овој оглас на располагање за давање под закуп се 1.453 хектари во Свети Николе, Велес, Струмица, Куманово, Неготино, Битола, Кочани, Кисела Вода, Пробиштип, Берово, Штип, Тетово, Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка. Рокот за доставување на потребната документација до министерството е 40 дена, сметајќи од денеска.

Share
Прочитај повеќе

Пчеларите ќе можат да закупат земјоделско земјиште, каде би ги поставувале пчелните семејства

Министерот објасни дека измените на законот, направени врз основа на сериозни анализи, треба да овозможат поголемо вклучување на млади лица во земјоделството. Затоа, младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање закупнина 3 години откако ќе добијат државно земјоделско земјиште. Се решава и проблемот што го имаа пчеларите со недостатокот на површини за поставување на пчелни семејства, кои ќе може да закупат државно земјоделско земјиште за таа намена. И земјоделците што веќе користат хектар или два државно земјиште ќе може да аплицираат за дополнителни парцели, сè до обезбедување на површина од 10 хектари, со што се создаваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Раскинати над 200 договори за земјоделско земјиште поради неплаќање закуп

-Се работи за земјиште што се давало под закуп на најмалку три години. Постапката за санкционирање ќе потрае, уште е во тек процесот на медијација. Сметаме дека веројатно бројот на раскинати договори ќе достигне околу 500 – 600, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Над 4.380 хектари државно земјоделско земјиште ќе бидат доделени на земјоделците

Над 4.380 хектари државно земјоделско земјиште ќе бидат доделени на земјоделците преку четири активни јавни огласи за давање на државно земјоделско земјиште под закуп.

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ОГЛАС бр.08/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари

Се дава во закуп земјоделско земјиште над 3 хектари, во сопственост на државата со вкупна површина од 1096ха 76ар 31м2.
Последниот ден за поднесување пријави за учество на јавниот оглас е 11.09.2018 година.

Share
Прочитај повеќе

Повик за закуп на државно земјоделско земјиште во Кумановско

– Апелирам до заинтересираните да ја посетат официјалната страна на Министерството и детално да се информираат за условите кој може да аплицира за огласот до три и за огласот над три хектари кој се реализира со јавно наддавање во електронска форма, изјави, раководителот на подрачната единица Насер Даути.

Share
Прочитај повеќе