За 28 отсто е зголемен извозот на зелка годинава споредено со минатата година

Конкретно, од почетокот на годинава, според податоците од Царинската управа, се извезени 17.018 тони зелка, за разлика од лани истиот период кога се извезле 13.278 тони зелка. Само во период од 27-ми до 29-ти март, од нашата држава се извезени 1.676 тони зелка, што е повеќе од истиот период лани кога извозот на зелка бил 1.001 тон.

Share
Прочитај повеќе

Николовска: Сеидбата на сончогледот е во тек, ќе го следиме производството до откуп

-Идејата е да се ангажираат советниците да го следат производството на сончоглед и во соработка со Асоцијацијата да им се помогне на земјоделците да произведат поголем квалитет и принос. На тој начин ќе се достигне приносот од 1.500 килограми од хектар и ќе се исполни условот за субвенциите кои до 20 ха се близу 400 евра од хектар. Исто така на овој начин ќе им се исплати повеќе берзанската цена по која ќе се откупува сончогледот од страна на фабриката „Благој Ѓорев“, рече Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Зголемен откупот на земјоделски производи

Како што соопшти Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14,1 отсто, додека продажбата на земјоделски производи од сопствено производство бележи раст за 4,6 проценти.

Share
Прочитај повеќе

Ќе се зголеми извозот на свежо овошје и зеленчук со доаѓањето на „Гринјард“ во Македонија

– Комуницираме две години со „Гринјард“. Однесовме неколку наши компании кај нив за да се запознаат со условите на доставување на овошјето и зеленчукот, од аспект на квалитет, пакување, време на достава,… Најавената посета ќе биде во тој правец – евентуално конкретизирање на соработката што е веќе почната со овие неколку наши фирми, рече Марковска.

Share
Прочитај повеќе