Зелената нафта оваа година ќе биде со 50% субвенција

Димковски најави дека во текот на следниот месец би започнал овој процес.

Share
Прочитај повеќе

Раководителот на МЗШВ ПЕ Прилеп, Зоран Пачешкоски, на терен делеше картички за „зелена нафта“

-Ги затекнавме земјоделците секој со својата работа но пријатно беа изненадени од нашето присуство и можноста да добијат картички со 30% поефтина нафта. За нив ова мерка на Владата има голема важност бидејќи најголемиот трошок во производството е токму нафтата – изјави Зоран Пачешкоски – раководител на ПЕ во Прилеп.

Share
Прочитај повеќе

Уште 700 земјоделци од Неготинско треба да подигнат картички за „зелена нафта”

– Вкупниот број на картички беше 3.182, согласно бројот на оние кои поднеле барање за субвенции во 2018 година. Апелираме до сите што можеби не се доволно информирани, дека им следува „зелена нафта”, ако се корисници на субвенции, велат за МИА од Подрачната единица.

Share
Прочитај повеќе

Костадинов: Очигледно е задоволството кај земјоделците од „зелената нафта“

Очигледно е и задоволството кај земјоделците од оваа мерка која што за мене, а и за нив од разговорите, обезбедува три клучни работи, а тоа е намалување на трошоците за производство, секако обезбедување на многу поконкурентни земјоделски производи и трето и најважно преку оваа мерка враќаме пари директно назад кај земјоделците односно ги подобруваме семејните буџети на земјоделците.

Share
Прочитај повеќе

Собранието го усвои Законот за земјоделско земјиште

Собранието го усвои Законот за земјоделско земјиште со кое се обезбедува фер, транспарентна и правилна распределба на државното земјоделско земјиште.

Share
Прочитај повеќе

Николовска: Во амбиент на жетва, со насмеани земјоделци и расположен премиер, првите картички за „зелена нафта“

-А задоволството на земјоделците беше нескриено, тие всушност и најдобро знаат што значи ова за нив, за нивното производство, за нивната заработка. Оти нели, сите работиме за да заработиме, а земјоделското производство да го направиме конкурентно, истакна Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Историски ден за македонското земјоделство-доделени првите картички за „Зелена нафта“

-Единствен услов да се користи картичката е да имаат аплицирано за субвенции за 2018 година. Методологијата односно пресметките се правени на основа на претходната година а земена како основа е вкупната површина и во зависност од која култура ја имаат. Субвенцијата најпрво ќе биде 30 проценти со тенденција да се зголеми до 50 отсто од малопродажната цена на горивото, истакна министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците ќе добијат полни резервоари зелена нафта

Зелената нафта која земјоделците ќе ја добијат до крајот на месецов, веќе одамна се применува во многу земји во Европа и во соседството. Според агроекспертите оваа мерка, која земјоделците долго ја очекуваа ќе придонесе за поголема конкурентност на македонското земјоделско производство и намалување на трошоците за производство

Share
Прочитај повеќе

СДСМ е на страна на граѓаните, се подобруваат условите за секој земјоделец

Овие маалски средби имаат за цел да овозможат граѓаните да ги презентираат нивните потреби и предизвици со кои се соочуваат, како и да се слушнат нивните сугестии.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: До крајот на месецот ќе се поделат првите картички за “зелена нафта”

И најмалите земјоделци односно и оние кои имаат 0,2 хектари земја нема да останат без субвенционирана нафта. Најнискиот износ кој ќе биде на една картичка е 500 денари а додека највисокиот износ е исто така лимитиран и ќе биде до 100.000 денари. Преку оваа мерка допринесуваме значително да се намалат производствените трошоци, што за земјоделците ќе значи поекономично производство и поголеми приходи. Средствата за оваа Мерка во висина од 200 милиони денари се обезбедени а со оваа мерка ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци. 

Share
Прочитај повеќе